Ординацијата по физикална медицина рехабилитација и акупунктура ДОЛОРЕС е една од првите приватни ординации од овој вид отворена во Скопје. Со работа започна во 1995 година. Основана од д-р Елица Поповиќ спец. по физикална медицина и рехабилитација. Госпоѓа Поповиќ завршува медицински студии на универзитетот Кирил и Методиј во Скопје а физикална медицина специјализира под менторство на светски познатиот хирург проф. д-р Љупчо Серафимов. Како млад специјалист, кај проф. Јанка Дафинова на медицинската академија во Софија, завршува обука за примена на лесер терапија во физикалната медицина и со проф.Тројачанец стануваат пионери во нејзината примена во Македонија. Во меѓувреме д-р Поповиќ завршува курсеви по акупунктура што и овозможува спојување на традиционалната со современата медицина.
Како резултат на сето ова денес оваа скромна ординација прерасна во поликлиника ДОЛОРЕС со две специјалистички ординации по
физикална медицина и рехабилитација, кои имаат потпомогнато на голем број пациенти.